Неколку работи што секој претприемач треба да ги знае

50

soveti-kluc

Фото: Pixabay

Искрени и мудри совети од искусните претпримачи коишто е добро да се знаат и применуваат.

Најдобар начин да ја предвидите иднината е да ја креирате.

Најважната одлука што може да ја донесете е каде сакате да го поминете вашето време.

Ако сакате да сте успешен претприемач, мора да разберете дека не постои баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Најдобрите претприемачи не добиваат одлични идеи, тие ги решаваат проблемите на пазарот.  

Работата е над се. Престанете со размислувањето и тргнете во акција.

Движете се полека кон целта со мали, но паметни чекори.

Мора да бидете способни од секоја пречка да извлечете корист.

Единствено што треба да направите при истражување на пазарот е да го пласирате вашиот производ и да видите дали ќе се продаде.

Потребни ви се паметни луѓе кои ќе ви даваат совети, повеќе глави подобро мислат.

Ако сакате брзо и ефикасно да завршите повеќе работи, направете листа со задачи.

Клиентите се тие што ќе одлучат дали производот е добар, а не вие. И ако не им се допаѓа значи дека истиот не е добар.

Креативноста и иновацијата мора да се поврзат со конкретна бизнис цел.

Доколку не успеете, направете го тоа брзо и без многу да ве чини.

Навистина учете од своите грешки.

Ако клинетот не сака да го купи производот не можете многу да сторите околу тоа, ниту со цената, ниту со промоцијата.