Неколку работи што успешните луѓе ги кажуваат секој ден

28

uspeh

Фото: Pixabay

Постојат мали работи кои имаат моќ драматично да му го променат некому денот. Или Вашиот. Сакате да направите вашите вработени, колеги, семејство, пријатели да се чувствуваат добро? Тогаш кажувајте ги овие работи секој ден:

Еве што мислам јас

Претпоставени сте, но не значи дека сте попаметни од другите. Градете го авторитетот со логика, не со позицијата. Издвојте малку време и отворете ги вашите одлуки за дискусија, тоа може само да донесе подобрување за тимот.

Згрешив

Кога ќе згрешите, признајте дека сте згрешиле. Тоа не значи дека вработените ќе престанат да ве почитуваат. Напротив, повеќе ќе ве ценат.

Може малку помош?

Кога ви треба помош, само кажете јасно и отворено.

Извини

Извинувајте се, но не се објаснувајте од типот “Бев нервозен/на…”, “Мислев дека…”. Извинете се и прифатете ја вината. Ни повеќе, ни помалку.

Тоа беше одлично

Никој не добива доволно признание колку што треба. Одберете некого и речете му дека некоја работа ја сработил одлично. Тоа нема да ве чини ништо, а ќе добиете многу.

Може да ми покажеш?

Да знаете што треба да направите е од помош, но да ви покажат како тоа треба да го направите значи многу. Кога ќе прашате да ви покажат како да направите нешто, правите неколку работи: Тоа покажува дека го почитувате човекот од кого барате помош, дека му верувате и ги цените неговото искуство и вештини.

Да ти помогнам

Многумина сметаат дека барањето помош е знак на слабост. Многумина не се осудуваат да побараат помош. Но, секому му треба помош. Не прашувајте дали некому треба да му помогнете. Завиткајте ги ракавите и понудете се за помош, без многу објаснување.

Ништо

Некогаш е најдобро да не велите ништо. Ако сте вознемирени, фрустрирани, нервозни, тогаш молчете. Резултатите се менуваат, доаѓаат и си одат, но емоциите остануваат. Ако во моменти на нервоза ги искритикувате вработените, тоа нема да им помине, ќе остане внатре во нив. Молчете додека не бидете сигурни што треба да кажете и каков ефект ќе имаат вашите зборови врз вработените.