Неколку совети за оние кои работат од дома

25

rabota-doma

Фото: Pexels

Работењето од дома има свои предности, но и негативни страни. Сепак, како професионалци се обидуваме да бидеме продуктивни најмногу што можеме без разлика од каде работиме.

За оние кои малку потешко се фокусираат на работните задачи од својот дом, во продолжение Inc нуди неколку корисни совети.

Кажете им го распоредот на сите и применете го

Ништо не ја убива продуктивноста како дефокусирањето додека работите, а ако работите од дома, пријателите и семејството честопати се случува да ви го одвлечат вниманието. Затоа, дајте им до знаење дека РАБОТИТЕ иако сте дома и отворено кажете им во кои случаи можат и кога не треба да ве прекинуваат. Потоа, останува и вие да се придржувате на кажаното.

Поставете строги граници

Генерално, можеме да се фокусираме на одредена задача од 90 до 120 минути. Потоа ни треба 15-минутна пауза за да ги наполниме батериите. Најдобро ќе биде да го поделите денот на неколку 90-минутни сесии. Така ќе бидете поефикасни отколку да пресметувате уште колку часови преостанале.

Вклучете паузи

Покрај задачите, онлајн состаноците и крајните рокови, вклучете ги и паузите во вашата листа. Време за појадок, време да се размрдате малку… Планирајте некаква активност што ќе ви ја врати силата.

Исклучете ги нотификациите од социјалните мрежи

Исклучете ги сите нотификации што не се дел од работата. Компјутерот и телефонот нека бидат неколку часа во служба на дневните задачи. Кога ќе завршите ќе имате шанса да направите преглед на пропуштеното.

Ослободете се од непотребното

Барем еднаш во неделата имајте навика да си го расчистите работниот простор дома. Тргнете од видик сè што не ви треба и што може да ви смета. Направете просторот да изгледа продуктивно, така и вие ќе бидете продуктивни.

Создадете утринска рутина

Повторно нека биде нешто што вам ви одговара, нешто што ефикасно ќе ве разбуди и даде енергија за претстојниот ден. Но, бидете доследни и придржувајте се кон тоа. Алармот штом ќе заѕвони не одолговлекувајте.