Неколку совети за управување со времето

81

vreme

Фото: Pixabay

Дали е можно да се управува со времето и како некои луѓе успеваат да ги завршат своите задачи до крајот на денот? Паметните луѓе имаат неколку паметни одговори.

Не можете да управувате со времето, но можете со себе

Секој ден има 24 часа и тоа не може да се смени. Сè додека се фокусирате на управување со времето и смислувате разни системи, алатки и листи, го заборавате вистинскиот проблем – да управувате со себе си.

“Премногу работа” и “немам време” се зборови на губитници

Секогаш кога ќе ги повторите овие зборови ги препуштате вашите работи во рацете на некој друг. Време никогаш нема да има доволно, а работа ќе има многу. Ваше е да се навикнете и да се обидете да извлечете најмногу што можете.

Премногу приоритети значи дека немате приоритет

Приоритети се најважните неколку работи на листата со задачи што заслужуваат посебно внимание. Но, ако имате премногу, всушност немате воопшто приоритети. Треба да умеете да ги издвоите оние најважните во секое време.

Листата со задачи треба да е средена и комплетна

Средете ја вашата листа со задачи. Од клучно значење е да направите проценка на времето потребно за секоја од задачите и дали истите ќе можат да се решат во предвидениот период. Ќе забележите дека нема да имате доволно време, но затоа ќе имате шанса листата да ја направите средена, комплетна и возможна.

Сепак нема да завршите сè

Сè додека верувате дека можете или морате да завршите сè, ќе бидете фрустрирани и неефикасни. И колку повеќе негирате, толку подолго ќе одолговлекувате да ги донесете важните одлуки за вашите топ приоритети.