
Велосипедизмот е еколошки начин на транспорт кој придонесува за здравјето и има сè повеќе обожаватели. Во 2025 година, Европската Унија произведе 10,4 милиони велосипеди: 8,8 милиони беа велосипеди без мотор, додека 1,6 милиони беа моторизирани или со помош.
Како што објави Европската статистичка служба – Евростат, во споредба со 2024 година, производството на велосипеди без мотори се зголеми за 4,3 проценти (од 8,5 милиони). Сепак, во споредба со 2015 година, производството се намали за 35,7 проценти (од 13,7 милиони).
Според достапните податоци, најголем производител на велосипеди без мотор минатата година била Романија со 2,1 милиони велосипеди, по што следат Италија и Германија со по 1,2 милиони, Португалија со 0,8 милиони и Полска со 600.000.
Кога станува збор за велосипеди со мотор или помошен погон, Германија била најголем производител, со 400.000 единици. Следни се Холандија со 300.000, Чешка и Австрија со околу 150.000, како и Бугарија со 120.000.












