Неколку тајни за успешно преговарање

30

negotiationФото: Pixabay

Успехот во деловниот живот зависи од умешноста правилно да се преговара. Речиси и да нема аспект од животот – деловен, општествен или личен, што не е поврзан со потребата за преговарање. Сè во животот може да биде предмет на преговори, под било кои услови и во било кое време. Еве неколку трикови како успешно тоа да го направите:

Слушајте внимателно

Преговарачите се како детективи. Поставуваат прашања, а потоа молчат во исчекување на одговорот. Другата страна ќе ви каже сè што сакате да знаете, треба само да слушате.

Подгответе се

Подготовката е клучна во процесот на преговарање. Соберете колку што можете повеќе информации пред да се вклучите во процесот на преговарање. Дознајте кои се ставовите на противникот, кои се неговите потреби и чувства околу одредена проблематика.

Целете високо

Ако очекувате повеќе, ќе добиете повеќе. Успешните преговарачи секогаш се оптимисти.

Бидете трпеливи

Ова може да биде многу тешко, но, факт е дека потрпеливиот ја добива битката.

Не правете го првиот чекор

Не започнувајте први. Најдобриот начин да дознаете кои се намерите на другиот преговарач е да му дозволите тој да го започне разговорот прв.

Не прифаќајте ја првата понуда

Преговарачите ќе бидат спремни да дадат повеќе опции доколку ја одбиете првата дадена понуда. Не плашете се да ги тестирате нивните граници.

Откажете се

Секогаш бидете подготвени да го прекинете процесот на преговарање и да си заминете. Некогаш преговарањето едноставно нема поента. Ќе ги изгубите нервите, а за возврат нема да добиете ништо.