Неколку трикови за полесно справување со работните обврски

16

pexels-photo-630834

Фото: Pexels

На многумина им е непријатно да побараат нешто од претпоставените дури и кога навистина имаат потреба. За полесно да се справите со секојдневието на работа направате го следново.

Не се согласувајте со сè

Иако веднаш ќе посакате да кажете не, изиграјте паметно. На пример, доколку шефот ви даде дополнителна работа во моментот кога веќе сте презафатени, смирено поставете го прашањето: Што сакате да направам прво? Потоа ќе додадете што сè имате да сработите и автоматски ќе ја избегнете дополнителната обврска.

Не го жртвувајте приватниот живот

Ако ви речат да работите прекувремено, а веќе имате нешто испланирано, објаснете го тоа на културен начин, но не давајте детали за што се работи. Вашиот приватен живот не е нешто што треба да го споделувате, доколку сакате да остане приватен.

Делегирајте

Доколку сте резервирале одмор неколку недели или месеци порано, сигурно дека не треба да го откажете ако ви излезе непредвиден важен проект. Најдете адекватна замена за вас и добро информирајте го/ја што треба да работи.

Самоконтрола

Ако од нешто сте изнервирани, а треба да имате состанок со шефот, почекајте додека повторно не воспоставите контрола врз себе и своите емоции.

Замислете го најлошото можно сценарио

Ако сте несигурни во нешто, или се плашите да го кажете вашиот став, секогаш замислете го најлошото можно сценарио. Тогаш ќе видите што најлошо може да се случи доколку останатите не се сложат со вас, па ќе сфатите дека не е толку страшно колку што сте замислувале.