Нема да бидат поевтини – можни цени за серијата Samsung Galaxy S22 во Европа

146

Следната линија на премиум телефони на Samsung, Galaxy S22, официјално ќе биде претставена во февруари, а сега се појавија можните цени на овие телефони во Европа.

Јужнокорејскиот гигант се уште нема потврдено кога ќе ја претстави серијата на телефони Galaxy S22, но неколку недели пред официјалното објавување се појавија можните цени на овие уреди за европските пазари.

Основниот модел Galaxy S22, со 8GB RAM и 128GB простор ќе чини 849 евра, додека моделот со 8GB / 256GB ќе чини 899 евра.

Ролад Квант објави на Твитер дека Galaxy S22 Plus со 8 GB RAM и 128 GB простор ќе биде по цена од 1.049 евра, додека варијантата од 8 GB / 256 GB ќе чини 1.099 евра.

Кога станува збор за Galaxy S22 Ultra, верзијата со 8GB RAM и 128GB простор за складирање би можела да чини 1249 евра, додека верзијата со 12GB + 256GB се очекува да чини 1349 евра. Најмоќниот модел Ultra (12GB + 512GB) ќе чини 1449 евра.

Останува да видиме дали овие предвидувања ќе се остварат кога серијата Galaxy S22 официјално ќе се појави на европскиот пазар.

И покрај тоа што доаѓа со некои големи надградби, кои вклучуваат редизајниран дизајн, подобри спецификации, подобрени камери и многу повеќе, цената ќе биде една од клучните карактеристики што ќе го одредат успехот на серијата Galaxy S22.