Нема криза за Ferrari

60

Производителот на познатите луксузни спортски автомобили Ferrari испорача 2.685 автомобили во вториот квартал годинава, двојно повеќе од минатата година, или 0,5 % повеќе отколку во годината пред пандемијата.

Претседателот на компанијата, Џон Елкан, изјави дека успехот потврдува дека деловната формула на Ferrari е единствена.

“Секое Ferrari што го презентираме поставува нови стандарди за иновација, убавина и уникатност и е основа на вистинскиот луксуз“, рече Елкан.

Ferrari S.p.A е италијански производител на автомобили основан од Енцо Ферари во 1947 година во Маранел.

Фото: Pixabay