Нема нови ковид мерки – можни се дополнителни мерки за невакцинираните

89

Нема потреба од нови заштитни анти-ковид мерки одлучила Комисијата за заштита од заразни болести на денешниот состанок, пренесе денеска министерот за здравство Венко Филипче. На состанокот било речено дека остануваат постоечките мерки, кои како што вели министерот се сосема доволни, но треба да се почитуваат.

Тој најави дека се можни дополнителни мерки за невакцинираните. Филипче вели дека се покажало дека рестрикциите на движењето на населението не даваат резултати, но дека ако се види дека некоја мерка ќе помогне тогаш ќе се преземе сè што е потребно.

Министерот денеска апелираше граѓаните да не организираат слави во време на пандемија на ковид, или ако веќе организираат тоа да биде во мал број, бидејќи како што вели, многу мини ковид бранови стартувале од такви собири. Тој вели дека граѓаните мора повеќе да се совесни и да внимаваат на своето здравје, бидејќи надлежните не може сè да контролираат.