Нема понуди за приватизацијата на Croatia Airlines

15

foto Nenad Rebersak-croatia airlinesЗа приватизацијата на хрватскиот национален авиопревозник Croatia Airlines не пристигнала ниту една понуда, потврди министерот за море, сообраќај и инфраструктура, Синиша Хајдаш Дончиќ.

Вчеравечер измина рокот за доставување писма на намери за учество во процесот на купопродажба на 49% акции на Croatia Airlines, но тоа не го сторила ниту една компанија. Според министерот, тоа не е ништо драматично и се надева дека во вториот круг ќе има заинтересирани, затоа што компанијата годинава по прв пат има позитивни резултати од работењето.

Во првиот круг се направени неколку разговори со компании од Далечниот исток, но системот за јавни набавки во Хрватска и земјите од ЕУ на тие компании не им одговара, вели министерот, пренесуваат хрватските медиуми.