Нема продолжување на замрзнатите цени по 31 мај

24

Од четврток нема да има производи со замрзнати цени. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека нема да ја продолжи мерката чија важност завршува в среда, 31 мај.

„Нема да продолжи мерката во делот на земјоделските производи имајќи во предвид дека согласно податоците кои ги имаме како Министерство за економија повеќето од производите се и пониско од нивото на замрзнување кое сме го имале претходно. Ако во случај од денот кога нема да важи таа одлука има злоупотреба од страна на трговците, ние на дневна база ја следиме ситуација и секако дека ќе следат различни мерки“, рече министерот Бектеши.

Според податоците  од Министерството, нагло се намалува инфлацијата во Македонија, особено во делот на прехранбените производи. Министерот Бектеши очекува во јуни да имаме пониска инфлација од 10%.