Нема промена на цените на угостителските услуги во однос на минатиот месец

51

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во август 2021 година, во споредба со јули 2021 година, остана на исто ниво.

Индексот на цените на угостителските услуги во август 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.5 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-август 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.3 %, додека во однос на декември 2020 година е зголемен за 0.2 %.