Shell официјално го смени своето име, оставајќи го името „Royal Dutch Shell“, коja е дел од нејзиниот идентитет од 1907 година.
„Shell ја објави одлуката на одборот за промена на името во Shell plc на 20 декември 2021 година. Оваа промена сега стапи на сила“, соопшти компанијата, пренесува Ројтерс.
Лондонската и Амстердамската берза ќе ги променат имињата на 25 јануари, додека Њујоршката берза тоа ќе го направи на 31 јануари.
Промената нема да влијае на сопственоста на акциите, пренесува Ројтерс.
Shell во ноември најави дека ќе ја укине својата структура со двоен удел и пресели својата централа во Лондон од Хаг.











