Немаат завршено средно училиште, но имаат девет цифри во банка

418

Тие се Амансио Ортега, Франсоа Пино, Жоу Кунфеи, Ричард Бренсон и Џеј Зи.

Не само што не се факултетски образовани, немаат ниту средно образование, но тоа не ги спречи да влезат во редовите на најбогатите луѓе во светот.

Тие доаѓаат од различни делови на светот: од Шпанија, Франција, Кина, Велика Британија и Европа и заедно тие вредат 126,5 милијарди долари, иако нивните банкарски сметки од ден на ден се менуваат на подобро.

Амансио Ортега

Најбогатиот од нив овој петок, “тежи“ 77,4 милијарди долари. Познатиот Шпанец е основач на групацијата Inditex , модниот бренд Zara и други. Се откажал од училиште на 14-годишна возраст и започнал да работи на локален пазар, каде можел да учи за трговија. Денес, неговите брендови имаат 7.500 објекти во целиот свет.

Франсоа Пино

Тој во јавноста е познат како основач на Pinault S.A., кој подоцна стана Pinault-Printemps-Redoute, потоа PPR, и на крајот Kering. Тој поседува богатство од 36,5 милијарди американски долари и го напуштил училиштето затоа што беше задеван од врсниците за неговото сиромашно потекло. Неговиот син Франсоа-Анри Пино е исто така почитуван бизнисмен, оженет со актерката Селма Хајек.

Жоу Кунфеи

Таа нема средно училиште, ниту богати предци. Својата империја ја изгради самостојно и денес вреди 7,4 милијарди долари. Кунфеи е основач и член на одбор на Lens Technology, која прави екрани за iPhone. Таа се откажа од училиште на 16-годишна возраст, а на 22-годишна возраст ја основа својата прва компанија.

Ричард Бренсон

Овој милијардер се откажа од средно училиште на 16-годишна возраст поради дислексија, односно проблеми со читање. Сепак, тоа не го спречи да направи огромно богатство од четири милијарди долари. Прво основаше студентски магазин, а во 1970 година Virgin Group, која контролира повеќе од 400 компании ширум светот.

Џеј Зи

Додека неговата сопруга, Бијонсе Ноулс Картер, “мора да се задоволи со милиони“, нејзиниот сопруг Џеј Зи заработи една милијарда долари, иако нема диплома од средно училиште. Минатиот јуни, тој стана првиот хип-хоп уметник кој стана милијардер. Сепак, иако успеал без диплома и со проблематично минато, тој ги охрабрува луѓето да завршат училиште и да не го запоставуваат своето образование.

Фото:Pixabay