Модната компанија Марк Кејн во иднина ќе им припаѓа на работниците.Како што соопшти компанијата, многу богатиот основач Хелмут Шлотерер ги префрлил своите акции на вработените, пренесува списанието Феникс.
Компанијата произведува женска облека, а е и извозник во неколку десетици земји.
Во 2020 година, компанијата имаше продажба од околу 200 милиони евра ширум светот. Шлотерер ја водеше компанијата повеќе од 50 години, пишуваат германските медиуми.
Марк Кејн е во добри раце
Работниците сега имаат можност активно да учествуваат во успехот на компанијата и да ги користат своите гласачки права за да утврдат како се користи профитот. Со Работничката фондација раководи работнички совет составен од сите активни раководители.
„Повеќе од сè друго, за мене е важно да се погрижам Марк Кејн да заврши во вистински раце. Продажбата на компанијата никогаш не беше опција за мене, а бидејќи мојата сопруга и јас немаме деца, решив да основам фондација за да продолжи компанијата да работи“, објасни Шлотерер во соопштението за печатот.
Се знае каде оди неговото наследство
Мултимилионерот може да си го дозволи овој деловен потег: во 2019 година, магазинот Форбс го процени неговото богатство на околу 200 милиони евра.
Шлотерер откри кому му оди целото негово наследство: неговиот имот ќе оди во приватна фондација.