Немав избор!

25

nasoka-pixabay

Фото: Pixabay

Дали некогаш ви се случило да кажете така или, пак, кај некого да забележите дека често ја употребува оваа изрека – изговор?!

СЕКОГАШ ИМАМЕ ИЗБОР! Секогаш постојат минимум 2 решенија плус на она што го имаме во моментот! Разликата е во тоа што нам не секогаш ни се допаѓаат тие решенија. Тие бараат напорна работа или одрекување од нешто драго, можни последици или вадење од комфорната зона. Нам, секогаш ни е полесно да кажеме „немав избор” отколку да ги напрегнеме нашите мозочни и физички капацитети. Секогаш треба да бидеме свесни за последиците што сме подготвени да ги сносиме.

– Ако не сакам да ги извршувам задачите од мојот менаџер, не ми се допаѓа атмосферата на работа, платата, секогаш имам можност да направам нешто за да ја подобрам таа состојба или едноставно да си одам од компанијата. Ете, две решенија!

Нормално, постојат ситуации, со цел да се адаптирате на реалноста, каде што немате баш некој голем избор, но овде повеќе се мисли за подлабоко анализирање на овој концепт и како тој влијае врз нашиот начин на работење или живеење.

Немав избор = Жртва (его улога)

Немав избор = Немоќ

Немав избор = Страв

Немав избор = Мрза (полесно е да кажам дека немав избор)

Немав избор = (Не)мотивација

Тоа ве затвора. Не ви дозволува да размислувате позитивно, надвор од матрицата. Секогаш ќе ви го намали изборот и ќе ве оттргне од перцепцијата за изобилство од можности (каква што е впрочем реалноста). Основата на живеењето е забележување на можностите и нивно искористување. Доколку постојано си мислите дека „немав избор”, и се затворате во вашиот сигурен обрач, во тој случај не може да размислувате дека утре ќе имате капацитет да се снајдете во некоја критична ситуација (на работа или дома). Вежбањето на умот, да размислува за повеќе можни избори, води кон разновидно размислување. Размислување со повеќе опции.

Во реалниот живот и на работа, овој став им дозволува на „деловните” луѓе да не се трудат да постигнат или дадат од себе нешто повеќе, и на тој начин да не ја поместат границата на „минимални компетенции”, а со тоа и личен развој.

Кои чекори треба да ги имате на ум за да го намалите присуството на овој изговор во секојдневното говорење:

  1. Свесност: мора да сме свесни колку често го користиме и во кои ситуации. Самоанализа.
  2. Алтернатива: да не размислуваме како да си го оправдаме изговорот дека „немам избор“, туку веднаш да се размислува за можните решенија. Но, да бидеме свесни дека изборот што го имаме може нема да ни се допаѓа.
  3. Последици: мора да сме свесни за сите последици од дефинираните алтернативи и  од ризикот, а сме подготвени да ги сносиме секоја од нив.
  4. Одлука: да се донесе свесно која одлука и решение да се донесе.

Со успех во промените.