Ненадејна промена на чело на модниот бренд H&M

24

Шведската компанија H&M во средата неочекувано најави промена во раководството. Ветеранот на компанијата Даниел Ервер ја замени Хелена Хелмерсон како извршен директор, бидејќи резултатите на модната куќа заостануваат зад ривалите како што се Inditex и Shein.

Акциите на компанијата паднаа за 10 отсто по промената на менаџментот и извештајот во кој се вели дека H&M забележала пад на продажбата за 4 отсто во декември и јануари во споредба со претходната година, што е лош знак за клучниот божиќен шопинг период., пренесува Ројтерс.

Хелмерсон се повлече од директорската функција по четири години, наведувајќи дека улогата е многу напорна и дека нема енергија да продолжи. Ервер е во компанијата 18 години, а неодамна беше шеф на малопродажната марка H&M. H&M, вториот по големина продавач на мода во светот по Inditex, се бори за удел на пазарот со Zara и Shein, кои забележаа силен раст на продажбата.

H&M неодамна се фокусираше на профитабилноста наместо на обемот на продажба бидејќи има за цел да достигне оперативна маржа од 10 проценти оваа година. Компанијата ги намалува трошоците со затворање продавници и отпуштање на персоналот. Оперативната профитна маржа на H&M падна на 7,2 отсто во четвртиот квартал по 7,8 отсто во третиот.

Оперативната добивка на компанијата во четвртиот квартал изнесуваше 4,33 милијарди шведски круни (415,4 милиони долари), што е повисоко од истиот квартал претходната година, но под очекувањата на аналитичарите и компанијата, пренесува Бизнис.рс.