Nendo дизајнира тоалет што се носи во торба

22

toalet

Фото: Nendo

Дизајнерското студио Nendo, со седиште во Токио, дизајнираше привремен тоалет, што е лесен за транспорт, за луѓето кои се погодени од природни катастрофи. Nendo го започна проектот Minimilet во пресрет на големите природни катастрофи во Јапонија.

Од студиото велат дека главен проблем за луѓето кои живеат во засолништата за евакуација не се само недостатокот на храна, снабдување со електрична енергија и вода, туку и недостатокот на тоалети.

Препознавајќи ги проблемите со постојните преносни тоалети, Nendo создаде решение што нуди поголема стабилност и приватност.

Секоја од шесте компоненти: четири алуминиумски цевки, тоалетно седиште, шатор, марамчиња, кеси за отпадоци и коагулант (зацврстувач) се дизајнирани да се вклопат во тенка торба.

Различните компоненти за тоалетот имаат повеќенаменска употреба. Алуминиумските цевки може да се користат како потпорни столбови за шаторот, а најлонската ткаенина за шаторот може да се користи како пончо. Торбата е водоотпорна и може да се користи како кофа којашто собира 16 литри вода.