Необичен дизајн – прочитајте ја, па запалете ја!

32

kniga

Уметничкиот директор и графички дизајнер Елизабет Перез осмисли многу необичен концепт за корица на книгата Фаренхајт 451 на Реј Бредбери. На местото на бројот еден се наоѓа чкорче, а од страната е обложена со лента за палење на чкорчето. Асоцијацијата на кибрит е поврзана директно со содржината. Фаренхајт 541 е роман за дистописка иднина во која книгите се забранети и “пожарникари” ги палат по куќите.

“Приказната е за потиснување на идеи и за тоа како телевизијата го уништува интересот за читање на литература. Сакав пораката за палење на книгите да ја проширам на самата книга”, вели Перез за својот дизајн.

Новелата на Реј Бредбери, Фаренхајт 451 е објавена во 1953 година и е едно од неговите најдобри дела.