Необични цитати на богаташите

158

Односот кон парите најчесто е клучниот услов еден ден да станете богат. Но, ако прашате некој од најбогатите луѓе во светот, никој од нив нема да каже дека парите се најважни. Можеби звучи чудно, но нивните цитати го сведочат токму тоа.

“Причина поради којашто сум финансиски успешна е тоа што мојот фокус никогаш не беа парите“, вели Опра Винфри.

Најбогатиот човек на планетата, Џеф Безос смета дека штедењето и различните пречки на патот водат кон иновации. “Единствен начин да излезете од тесната кутија е да измислите нов начин за излегување“, смета основачот на Amazon.

Според основачот на Alibaba, создавањето богатство денес не е некој голем проблем. “Но, создавањето на одржливо богатство, а во исто време и посветеноста за подобрување на светот, е многу тешко“, вели Џек Ма.

За основачот на Google, Лари Пејџ, парите не се императив во животот. “Да ни беа мотив само парите, многу одамна ќе ја продадевме компанијата и ќе живеевме на плажа“, уверува Пејџ.

Фото: Pexels