Необични, ефикасни совети за подобра комуникација во било кое време

79

razgovor

Фото: Pixabay

Секогаш е добро да знаете неколку корисни трикови што ќе можете да ги употребите кога разговарате, дебатирате или сакате да се допаднете некому.

Затоа…

Ако треба да работите со различна публика, ставете огледало зад себе. Поголемиот број од присутните ќе бидат љубезни кон вас, од причина што нема да се чувствуваат пријатно доколку треба да го гледаат својот лут или огорчен израз во огледало.

Штом ќе го изнесете вашето гледиште или аргументите во било која дебата, престанете да зборувате. Дајте му на вашиот соговорник (противник) време да размисли за тоа што го кажавте и да формулира достоен одговор.

Започнете со најсилниот аргумент, оној што според вас е највистинит, а потоа продолжете со послабите.

Ако некој се обидува да ве налути, останете мирни и не дозволувајте да бидете испровоцирани. Ова ќе го засрами противникот и ќе го натера да игра според вашите правила.

Пробајте да не ги употребувате зборовите “Вие или Ти” во аргументите. Користете ги фразите “Мислам или Ми се чини”. Тоа е добар начин да се постигне консензус.

Секогаш трудете се првиот состанок да биде на некое место каде што ќе се чувствувате позитивно. Тоа ќе придонесе да бидете поопуштени и да зрачите со енергија.

Ако покажете вистински ентузијазам и заинтересираност кога сретнувате или запознавате некого, тоа ќе има добар ефект – луѓето ќе се однесуваат на ист начин кон вас.

Научете кога да поставувате отворени, а кога затворени прашања. Затворени се оние чиј одговор е да или не, додека на отворените се даваат поопширни и образложени одговори.

Доколку се заплеткате со аргументите, пробајте да ги користите само оние за коишто знаете дека се потврдени факти.