Неочекуван пораст на инфлацијата во САД во февруари

29

Инфлацијата во САД неочекувано се искачи на 3,2 отсто во февруари, иако економистите предвидуваа дека годишниот раст на цените ќе биде непроменет од јануарската стапка од 3,1 отсто.

Податоците за инфлацијата на потрошувачките цени се очекува да имаат важна улога следната недела на состанокот на американската централна банка (ФЕД), кога треба да се одлучи за евентуално намалување на каматните стапки од повеќедеценискиот максимум од 5,25 на 5,50 отсто, пишува Фајненшл тајмс.

Состанокот на 20 март треба да објасни и колку намалувања на каматните стапки планира да направи ФЕД оваа година. Пазарите очекуваат три или четири намалувања во 2024 година. Економистите предупредуваат дека податоците за инфлацијата може да ја наведат ФЕД да ги задржи високите трошоци за задолжување на долг рок.

Податоците од вторникот покажаа дека базичната инфлација, која ги исклучува промените во трошоците за храна и енергија, изнесува 3,8 отсто, во споредба со 3,9 отсто во јануари. Економистите очекуваа пад до 3,7 отсто.