Неочекуван пресврт: Европа сега има премногу гас

96

Европските власти најпрвин најавија недостиг од гас, а сега се соочуваат со потенцијален вишок. Сепак, тоа не значи дека неговата цена ќе се намалува во иднина.

Да потсетиме дека војната во Украина предизвика големо влијание на енергетскиот пазар, особено кога станува збор за земјите кои беа во голема мера зависни од рускиот гас, односно повеќето европски земји. Затоа извесно време избезумено купуваа природен гас и го трупаа. До 9 мај годинава европските складишта за гас беа полни и до 62 отсто, а доколку продолжи сегашниот тренд на купување на тој енергенс, тој целосно ќе се наполни веќе во август. Така барем проценува американската банка Морган Стенли.

Последица од акумулацијата на овој енергенс е падот на неговата цена. Сега чини 150 отсто помалку отколку во неговата максимална цена во август 2022 година. Сепак, поевтинувањето на природниот гас не ги намали сметките за енергија во Европа. Постои можност да не се намали во наредниот период, бидејќи цените на природниот гас би можеле повторно да скокнат поради студената зима, зголемувањето на побарувачката на гас од Азија, зголемувањето на потрошувачката во самата Европа итн. Сето ова може многу лесно да се случи, особено растот на побарувачката од Азија по укинувањето на ограничувањата за ковид во Кина, пренесува BiF.