Неочекуван совет: Што советува Безос пред овогодинешниот Црн петок

66

Основачот на Амазон Џеф Безос има совет за сите купувачи пред овогодинешниот Црн петок (25 ноември) и не онаков каков што очекувате од милијардер.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Безос одговори на прашањето „дали потрошувачите треба да ги намалат трошоците во сè потешки економски околности“:

– Ако сте поединец и размислувате да купите нов телевизор, можеби треба да забавите. Чувајте ги тие пари, видете што ќе се случи. Истото е и со фрижидер или нов автомобил, или било што друго – изјави Безос.

Иако не е револуционерна изјава во време на криза, навистина е чудно што ова ви го кажува сопственикот на најголемата платформа за онлајн трговија на мало, пренесува techradar.

Исто така, четвртиот човек на листата на Форбс на најбогати луѓе во светот, оваа недела изненади со објавувањето дека планира да го подари најголемиот дел од своето богатство.

Тој моментално поседува околу 124,1 милијарди долари.