Непушачите во Русија да добиваат 10 дена подолг одмор

32

Подолг годишен одмор за сите непушачи, најави член на Јавната комора на Русија.

Според Султан Хамзаев, пушачите на оваа зависност губат и до 60 минути дневно или околу 20 работни денови во текот на една календарска година. Тој навел дека сите трошоци во врска со вработените кои пушат мора да ги сносат работодавачите и самата држава, пренесува Спутник.

“Предлагам да се разгледа можноста за воведување право на вработените кои не пушат, да имаат дополнителни 10 дена одмор годишно“, наведува Хамзаев во писмо испратено до рускиот премиер, Михаил Мишуштина.

Хамзаев наведува дека тоа може да ги мотивира пушачите да се откажат од таа зависност.

Од први јануари оваа година, властите во Русија забранија пушење во медицински установи, трговски центри, бази и складишта. Правилата се воведени на 25-ти септември 2020 година во рамки на документот за утврдување правила за противпожарен режим.

Исклучок се местата што се предвидени за пушачи согласно законите, а пушачките зони ќе бидат специјално означени со табла: Место за пушачи.

Фото: Pexels