Неработни денови на филијалите на Стопанска банка

24

stopanska banka

По повод Новогодишните и Божикните празници, филијалите на Стопанска банка АД Скопје нема да работат на први, шести и седми јануари, соопштуваат од банката.

Од банката на клиентите им порачуваат дека на располагање им стојат i-bank услугите достапни преку телефон, m-banking и банкоматите, како и партнерите од трговската мрежа што ги прифаќаат картичките од Стопанска банка.