Неславен крај на првата хрватска low cost авиокомпанија

14

Dalmatian

Првата хрватска нискобуџетна авиокомпанија Dalmatian, која требаше на 30 јуни да започне со работа, на својата интернет страница пред два дена објави дека престанува со продажба на билети затоа што се откажал еден од инвеститорите.

“На наше големо жалење, Dalmatian донесе одлука за сопирање на продажба на билети затоа што се откажа еден од инвеститорите. Ова откажување влијаеше на нашата можност вам, на патниците, да ви пружиме соодветна услуга и поддршка. За жал, не очекуваме оваа ситуација да се промени во краток рок. Затоа ја донесовме оваа одлука, да ги заштитиме интересите на нашите патници”, стои на интернет страната на компанијата.

Патниците кои веќе купиле билети, можат да си ги вратат парите преку Привредна банка Загреб.

Dalmatian требаше да почне со работа уште во 2008 година, но поради светската криза, стартот беше одложен. Неофицијално, оваа компанија требаше да биде и до 40% поевтина во однос на конкуренцијата, а во план беше да го поврзе Загреб со 12 градови.