Nespresso во Њујорк ги поттикнува кафеџиите да ги рециклираат нивните капсули

52

Комуналната служба на Њујорк, швајцарскиот бренд Nespresso и компанијата за рециклирање Sims Municipal Recycling ги здружија силите за да ги поттикнат жителите на Њујорк да ги рециклираат искористените капсули за кафе, пишува Recycling today.

Иако капсулите на Nespresso се направени од алуминиум, еден од најлесните материјали за рециклирање, сепак не може да се селектираат такви мали алуминиумски предмети.

Иако Nespresso им нуди можност на корисниците да ги испратат искористените капсули за рециклирање во самата компанија, само една третина од Американците имаат таква навика.

Nespresso неодамна вложи 1,2 милиони долари за да им помогне на центрите за рециклирање во Њујорк подобро да ги рециклираат нивните капсули за кафе.

Фото: Pixabay