Швајцарската компанија Нестле најави дека ќе инвестира 16 милиони долари во центри за производство на кафе во Кина. Нестле најави дека ќе гради институт, магацини и лабораторија во југозападна Кина, во провинцијата Јунан. Во институтот, кој ќе биде најголем од ваков вид во Кина, ќе се обучуваат по 5.000 фармери, агрономи и професионалци во сегментот на производство на кафе секоја година.
“Напитоците на Неслте, како капучиното, станаа голем хит меѓу потрошувачите во Кина и компанијата планира во следните години повеќе да се фокусира на нив, вклучувајќи повеќе различни вкусови на лате. Ќе се шириме овде за да се вклопиме во пазарот кој брзо расте”, рече Хеико Шипер, директор на дивизијата на Нестле за кинескиот пазар.
Од компанијата изјавија дека ова е дел од стратегијата за популаризација и зголемување на побарувачката на кафе во најмногубројната земја на светот.