Nestle ќе развива тест за рано откривање на Алцхајмерова болест

44

Nestle

Институтот за здравствени истражувања на најголемиот светски производител на храна Nestle (NIHS) склучи договор за соработка со фармацевтската компанија AC Immune.

Станува збор за соработка за развој на нов, минимално инвазивен метод на дијагностицирање на Алцхајмерова болест уште во почетна фаза. Преку ова партнерство, научниците ќе можат ексклузивно да ја користат технологијата на NIHS, којашто може да измери одредени био маркери во крвта, што сигнализираат појава на ова заболување.

“Овој договор за соработка отвора нови можности во потрагата подобро да се разбере и да се создаде борба за оваа болест. Со спојување на новата генерација на нашата дијагностичка платформа и експертизата на AC Immune, се надеваме дека ќе развиеме минимално инвазивен метод за дијагностицирање на оваа болест во многу рана фаза“, вели главниот директор на NIHS, Ед Бедге.