Nestle за 4,3 милијарди долари го продава бизнисот со флаширана вода во САД

35

Швајцарскиот прехранбен гигант, Nestle ги продава северноамерикансите брендови на флаширана вода на американски инвестициони компании за 4,3 милијарди долари.

Nestle е меѓу најголемите играчи на северноамериканскиот пазар на безалкохолни пијалаци. Неговите осум брендови, вклучувајќи ги Poland Spring и Deer Park, во 2019 година генерираа 3,4 милијарди долари приходи.

Компанијата одлучи да ги продаде на инвестиционите компании One Rock Capital Partners и Metropoulous & Co. Специјализирани за бизниси со храна и пијалаци.

“Продажбата ќе ни помогне повеќе да се фокусираме на нашите меѓународни премиум брендови, локална природна минерална вода и висококвалитетни здрави производи за хидратација“, изјави Марк Шнајдер, извршен директор на Nestle.

Меѓу глобалните премиум брендови на Nestle поврзани со флаширана вода ги вклучуваат Perrier и San Pellegrino.

Фото: Pexels