Netflix достигна вредност од над 100 милијарди долари

25

netflix

Фото: Pixabay

Дигиталната компанија Netflix достигна вредност од над 100 милијарди долари. Ова ја вброи Netflix во една од 59-те компании кои вредат повеќе од 100 милијарди долари, објавува CNN money.

Компанијата ги надмина сите очекувања на економските аналитичари стекнувајќи дополнителни 6,36 милиони претплатници во последниве три месеци. Тоа е скоро 1,26 милиони повеќе отколку што предвидуваа прогнозите. Статистиките покажуваат дека повеќе од половина американски домаќинства кои користат броадбенд интернет се претплатени на нивните услуги. Во моментов, бројката на претплатници на Netflix достигна рекордни 117,58 милиони.

Споделувањата на видео содржини преку Netflix порасна за 50% во последните месец дена, а акциите на компанијата во понеделникот скокнаа за 9% достигнувајќи цена од 248 долари по парче.

Приходите на компанијата за последното тримесечје на 2017 година изнесуваат 3,18 милијарди долари што претставува пораст од 35,1% на годишно ниво. Вкупниот приход на компнијата за 2017 година е во висина од 11,24 милијарди долари а интернет заработувачка се зголемила за дополнителни 558 милиони долари или 200% повеќе во споредба со претходната година.

Сега Netflix вреди повеќе од CBS, Viacom, Sony и 21st Century Fox.