Netflix ќе наплаќа дополнително за споделување лозинка

58

Милиони домаќинства кои ги споделуваат своите сметки на Netflix со пријателите и семејството можеби наскоро ќе треба да платат значително повеќе за да се претплатат доколку Netflix ја оствари најавата за укинување на споделувањето лозинки, што наводно е планирано за крајот на годината.

Според извештајот на New York Times, менаџментот на Netflx им објавил на своите вработени план за забрана на споделување лозинки во последните три месеци од 2022 година.

Netflix проценува дека речиси една третина од сите домаќинства што ја користат оваа услуга за стриминг имаат заедничка сметка платена од друго домаќинство.

„Со 222 милиони домаќинства кои плаќаат за нашата услуга за стриминг, проценуваме дека е поделена на повеќе од 100 милиони дополнителни домаќинства“, рече Netflix во прегледот на кварталните податоци за заработка во април.

Според извештајот објавен во вторникот, Netflix би сакал да воведе ново, поевтино ниво на претплата со реклами подоцна оваа година.

Гигантот за стриминг допрва треба да ги постави цените за дополнителните профили на домаќинствата за споделување лозинки.

Забраната за споделување лозинка треба да се имплементира на таков начин што на корисниците со повеќе профили, користени од луѓе на различни локации, нема да им биде забрането да го прават тоа, туку да се наплаќаат малку повеќе за секој дополнителен корисник за кој Netflix заклучува дека не припаѓа на исто домаќинство.

Намерата на Netflix да ги зголеми претплатниците дојде откако услугата неодамна објави дека изгубила околу 200.000 претплатници во текот на првите три месеци од оваа година. Севкупно, на крајот на првиот квартал од оваа година, бројот на корисници на Netflix ширум светот падна на 221,6 милиони.