Netflix очекува помалку претплатници по пандемијата и ја менува стратегијата

44

Стриминг платформата Netflix планира поголеми инвестиции во видео игри бидејќи се очекува намалување на бројот на претплатници на услуги поради поголемата конкуренција и укинување на ограничувањата поради пандемијата, што ги држеше луѓето повеќе да седат дома.

Netflix има значително помал раст на бројот на нови претплатници по големиот бум минатата година, поттикнат од рестриктивните мерки поради пандемијата.

Компанијата соопшти дека почнува да ја проширува понудата на видео игри, што ќе им бидат достапни на претплатниците без дополнителен надоместок и во почетна фаза ќе бидат насочени кон игри за мобилни уреди.

“Игрите ги сметаме за нова категорија на содржини, налик на нашето ширење на оригинални филмови, анимации и телевизиски емисии без сценарио“, соопшти компанијата.

Netflix наведува дека во второто тримесечје привлече 1,54 милиони нови претплатници и сега има вкупно 209 милиони. Во истиот период лани, на почетокот на пандемијата, имаше над 10 милиони нови претплатници.

Во периодот од јули до септември очекува нови 3,5 милиони претплатници.

Приходите на Netflix во второто тримесечје пораснаа за 19%, на 7,3 милијарди долари. Нето добивката е скоро двојно зголемена на 1,35 милијарди долари.

Фото: Pexels