Netflix отвора филмска “фабрика“ во Канада

43

Фото: Pixabay

Американската компанија Netflix отвора таканаречена филмска “фабрика“ со две студија во Торонто, коишто се очекува да обезбедат нови можности за локални таленти, пишува City News.

Netflix ќе го изнајми филмското студио Cinespace од Торонто, што содржи четири сцени, канцелариски простор и дополнителен простор, со вкупна површина од 164.000 метри квадратни. Другото студио е Pinewood Toronto Studios, што се протега на 84.850 метри квадратни.

Се очекува во овие студија да се обезбеди работа за над 1.850 жители на Канада годишно.

Студијата во Канада ќе работат на продукција за филмови и серии.