Netflix повторно тестира забрана за споделување лозинки меѓу корисниците

104

Некои корисници на Netflix почнаа да забележуваат минатиот март дека мора да ја купат својата претплата доколку не живеат со оригиналниот сопственик на сметката. Имено, тоа предизвика бурни реакции, но се помина во најдобар ред, бидејќи тестот не „вроди со плод“. Барем засега.

Една година подоцна, Netflix повторно ја допре темата, објавувајќи дека почнува да ги урива широко распространетите практики за споделување лозинки меѓу луѓето кои не живеат во исто домаќинство, повикувајќи ги да платат дополнително за таа привилегија.

„Иако различните профили се исклучително популарни, тие создадоа конфузија за тоа кога и како може да се сподели Netflix. Како резултат на тоа, сметките се делат помеѓу домаќинствата, што влијае на нашата способност да инвестираме во нови ТВ содржини за нашите членови“, рече Ченги Лонг, директор за иновации на производи на Netflix.

Поради оваа причина, Netflix ќе започне со тестирање на две нови функции за корисниците во Чиле, Костарика и Перу. Така, тамошните корисници ќе можат да додадат на својата сметка до две лица со кои не живеат, но за тоа секако ќе треба да платат – 2.380 CLP, 2,99 американски долари или 7,9 PEN.

Втората опција е наменета за оние кои се откажале од споделување лозинка и се „преселуваат“ на нивната сметка. За да им олесни, Netflix им дозволи да ги префрлат сите нивни податоци, вклучително и историјата на гледање, My List и персонализираните препораки, на нова сметка.

Лонг вели дека Netflix внимателно ќе го следи влијанието на овие две функции врз корисниците кои ги тестираат пред да пристигнат за апсолутно сите корисници. Со други зборови, прашање на време е кога ќе ги заврши меѓусебното делење на лозинките.