Најголемата стриминг платформа, Netflix бара извршен директор кој ќе го надгледува воведувањето на видео игри, пишува Ројтерс.
Овој потег доаѓа во време кога индустријата за видео игри цвета.
Индустријата за видео игри беше голем победник во пандемијата благодарение на фактот што многумина беа принудени да останат во своите домови и во овој период минатата година значително се зголеми побарувачката за видео игри.
Иако нема официјално соопштение за таа позиција, изворите забележуваат дека Netflix контактирал со многу познати личности од светот на игрите, сè со цел да разговара за потенцијалната улога во нивната компанија.
Иако деталите за стратегијата сè уште се кријат, одлучено е дека игрите нема да содржат рекламирање.
Фото: Pixabay