Нето добивка од 70,47 милиони денари за Македонијатурист во првите шест месеци од 2015

24

makedonija turist

Компанијата Македонијатурист во првите шест месеци од оваа година оствари нето добивка во висина од 70,47 милиони денари, се вели во Коментарот на билансот на успех, објавен на Македонска берза.

“Со работењето Друштвото во шесте месеци од 2015 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 78,98 милиони денари, којашто е за 0,3% помала во однос на истиот период од претходната 2014 година или нето добивка 70,47 милиони денари, којашто е за 10% помала од истиот период во минатата година, како резултат на бавното заздравување на економијата на земјата од глобалната економска состојба на ограничени услови на работење на економиите во земјите од ЕУ кое секако има последици по севкупното работење и во нашата економија“, се вели во Коментарот.

Вкупните приходи до 30.06.2015 година изнесуваат 201,17 милиони денари и, како што се наведува, се остварени со 98% во однос на истиот период од претходната година, додека се за 2% помали во споредба со првото полугодие во 2014 година. Вкупните трошоци од редовно работење во 2015 гдина изнесуваат 123,20 милиони денари и се намалени за 2% во однос на истиот период лани.