Нето добивката на Газпром е речиси преполовена во 2022 година

70

Рускиот гасен гигант Газпром  објави дека неговата нето добивка во 2022 година е значително намалена поради повисоките даночни обврски, а обемот на извозот е намален на половина.

Нето добивката на Газпром падна минатата година според Меѓународните сметководствени стандарди за 41,4 отсто, на 1,226 трилиони рубљи (15,77 милијарди долари).

Добивката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (EBITDA) изнесуваше 3,6 трилиони рубљи и остана на нивото од 2021 година.

Приходите од странство се зголемени за 14,4 отсто, на 11,67 трилиони рубљи, се наведува во извештајот на руската новинска агенција ТАСС.

Обемот на извозот на гас е речиси преполовен, на 101 милијарда кубни метри.

Поради руската инвазија на Украина, Западот минатата година воведе остри санкции за Москва и руските државни компании, потсетува Ројтерс. Гасот на Газпром не е директно санкциониран, но сепак стигнува во Европа само преку гасоводот Дружба преку Украина.

Гасоводите Северен тек 1 и 2 беа сериозно оштетени во експлозиите во Балтичкото Море, чија причина се уште не е соопштена. Европските влади се сомневаа во саботажа, Данска, Шведска и Германија започнаа истрага, но одбија да ги објават резултатите, наведувајќи ја националната безбедност.