Нето добивката на највредната компанија во светот зголемена за 82 проценти

104

Во првото тромесечие од годинава, нето добивката на саудиската национална нафтена компанија Saudi Aramco поради високите цени на нафтата, порасна за 82 отсто во однос на истиот период лани.

Според финансискиот биланс што го објави Aramco, нето профитот на највредната компанија на светот, пораснал за 39,5 милијарди долари во периодот јануари – март.Компанијата објави нето профит од 21,7 милијарди долари во истиот период лани.

Позитивните резултати во работењето и највисокиот профит забележан од декември 2019 година, компанијата го припиша првенствено на растот на ценатата на нафтата.

Просечната цена на барел сурова нафта од типот брент, која најмногу се користи во светот, на 7 март годинава се искачи на 139,13 долари поради загриженоста за снабдувањето предизвикана од руската воена агресија во Украина.