Нето платата во јануари изнесувала 21.327 денари

19

mkd-66561 Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, изнесува 100.7.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање со 7,3%, како и Градежништво и Финансиски дејности и дејности на осигурување со 4%.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности за 7,2%, Административни и помошни услужни дејности за 3,6% и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 3,5%.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2014, изнесува 21.327 денари. Во јануари 2014 година, 1,5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.