Нова емисија на државни обврзници од 1,37 милијарди денари

Македонската берза информира дека по барање на Министерството за финансии, од денеска, на официјалниот пазар започнува тргувањето со нова емисија на државни обврзници.

Станува збор за државни обврзници без девизна клаузула, со вкупна вредност на емисијата од 1.374.350.000 денари. Издадени се вкупно 137.435 обврзници, со номинална вредност од 10.000 денари по обврзница.

Инвеститорите кои ќе тргуваат со овие хартии од вредност, кои достасуваат во 2041 година, ќе можат да сметаат на годишна каматна стапка од 5,10%. Обврзниците на берзата ќе бидат заведени под шифрата за тргување M230441