Неуралинк на Маск се проценува на околу пет милијарди долари

Стартапот на Илон Маск за импланти за мозок Neuralink, кој беше проценет на речиси 2 милијарди долари во приватен круг на собирање средства пред две години, сега вреди околу 5 милијарди долари врз основа на приватно тргување со акции, пишува Ројтерс.

Некои купувања од страна на инвеститори кои не сакаат ризик ги зголемија вреднувањата во последниве месеци, пред објавувањето на Neuralink на 25 мај дека американските регулатори одобриле испитувања на луѓе и вградување чипови во мозокот.

Експертите велат дека може да поминат неколку години пред Neuralink да обезбеди одобрение за комерцијална употреба. Кип Лудвиг, поранешен директор на програмата за невронско инженерство на Националниот институт за здравје на САД (NIH), рече дека „оптимистички“ очекува на Neuralink да и требаат уште најмалку 10 години за да го комерцијализира својот мозочен имплант. Компанијата се соочува и со други предизвици кои вклучуваат федерални истраги за нејзиното спроведување на истражување на животни.

Фото: Facebook