Неуспешни разговори: VW и Renault нема заедно да развиваат евтини електрични автомобили

22

Иако компаниите на крајот не можеа да се договорат, изворите велат дека биле блиску до постигнување договор.

Volkswagen и Renault не успеаја да се договорат за соработка за евтино електрично возило. Сега двата автомобилски гиганти ќе мора да тргнат по својот пат.

Рено првпат ги потврди контактите меѓу компаниите во декември, кога разговорите беа опишани како во многу рана фаза. Иако продуцентите на крајот не можеа да се договорат, изворите велат дека биле блиску до постигнување договор.

Компаниите беа вклучени во повеќемесечни преговори за проектот, за кој двете марки се надеваа дека ќе помогне да се намалат трошоците за развој на мало електрично возило, но VW одлучи да се повлече од договорот, пренесува Ројтерс.

Проектот се очекуваше да доведе до создавање на следното Twingo, кое Renault сега ќе го развива во својата куќа, а треба да се појави во продажба во 2026 година со почетна цена од 20.000 евра.

Изворите велат дека одлуката на Фолксваген да ја напушти преговарачката маса е поттикната од неговиот нов план за независно развивање на механичката основа, што означува промена во ставот за автомобилскиот гигант.

Фото: Pixabay