Неуспесите се неуспеси само ако ги оставите да бидат: Милијардерот Блумберг за првиот отказ и започнување бизнис

199

Милијардерот Мајкл Блумберг се потсетува на отпказот што го доби пред неколку децении и како тоа влијаеше на неговата професионална траекторија, што на крајот го претвори во претприемачки успех на Волстрит. Сега, тој има совети за другите кои сакаат да го сторат истото.

Блумберг напиша за тоа во објава на LinkedIn.

– Кога имав 39 години, бев отпуштен од единствената работа со полно работно време што некогаш ја имав, работа што ја сакав. Дента откако добив отказ, започнав сопствен бизнис, врз основа на идеја за која речиси сите мислеа дека ќе пропадне: да им ги направам финансиските информации достапни на луѓето, директно на нивните компјутери – напиша тој.

Неговиот прв работодавец беше инвестициската банка Salomon Brothers, каде што беше на позиции 15 години од 1966 до 1981 година. Банката потоа ја купила друга компанија, а среде тоа купување Блумберг останал без работа, земајќи 10 милиони долари отпремнина, пишува FOX business.

– Запомнете, ова беше пред луѓето да имаат десктоп компјутери. Неуспесите се неуспеси ако им дозволите да бидат, а за да успеете, прво треба да бидете подготвени да не успеете – напиша тој.

Околу 325.000 луѓе ги користат терминалите на Блумберг денес, според блог пост на компанијата во август 2022 година. Од своите почетоци во 80-тите, Блумберг се прошири надвор од финансиските услуги што ги нуди.

Фото: facebook