Неверојатен пад на Биткоинот – за колку долари се тргува денеска?

102

Продолжува паничната распродажба на крипто пазарите, при што вредноста на биткоинот падна на 27.000 долари. Утрово околу 8 часот биткоинот се тргува по цена од 27.205 долари. Пред една година, да потсетиме, оваа криптовалута вредеше повеќе од 63.000 долари.

Најголемата криптовалута во светот потона за 2,42 отсто на 28.716,15 долари, тргувајќи се во средата навечер до 23:44 часот по источно време, според Coin Metrics. Етерот падна за 4,93 отсто на 2021,95 долари, објави CNBC.

Остриот пад на криптовалутите и акциите дојде откако американското биро за статистика на труд објави дека инфлацијата во САД пораснала за 8,3 отсто на годишно ниво, нешто повеќе од прогнозите на економистите анкетирани од Dow Jones .

Тие информации ги загрижија инвеститорите и ги наведоа да се „извлечат“ од ризичните средства, вклучително и криптовалутите.