Неверојатен скок: Земја каде бројот на млади милионери е зголемен за 75 отсто

21

Бројот на млади милионери во 2022 година во Малезија е во пораст, со зголемување од 75 отсто на милионери помлади од 30 години.

Податоците од Националниот одбор за приходи (IRB) покажуваат дека 35 лица помлади од 30 години пријавиле приход од повеќе од еден милион малезиски рингити (околу 209.000 долари) во 2022 година, што е нагло зголемување од 20 претходната година, пренесува порталот Плус.

Податоците за 2023 година не се објавени бидејќи сè уште е во тек процесот на поднесување е-апликации за оваа година, соопшти IRB.

Државниот одбор за приходи, исто така, соопшти дека собрал 5,2 милијарди рингити дополнителни даноци од поединци и компании кои не успеале уредно да ги пријават своите приходи во 2023 година.