Неверојатна приказна како Google Earth го однесе Саро дома

23

reklama

Кога имал само пет години, Индиецот Саро Брирли заспал во возот и се раздвоил од својата фамилија. Го пронашол и го посвоил млад австралиски пар. Дваесет и шест години подоцна, Саро ја пронаоѓа својата вистинска фамилија, благодарение на сеќавањата од детството и на Google Earth.

Google ја искористи приказната на Саро, која веќе неколку пати се појавуваше во медиумите, за промотивен филм кој покажува како модерната технологија и интернетот можат да влијаат врз човечката судбина.