Саудискиот нафтен гигант Aramco во неделата објави дека забележал повеќе од двојно зголемување на нето добивката на годишно ниво на 110 милијарди долари.
Нето добивката на Арамко, или нето заработката во 2021 година, се зголеми за 124 отсто на 110 милијарди долари во 2021 година, во споредба со 49 милијарди долари во 2020 година.
Причината за тоа се повисоките цени на суровата нафта, повисоките маржи за рафинирање и хемиски производи и консолидација на хемискиот бизнис на компанијата.
Бројките беа во согласност со очекувањата, а аналитичарите анкетирани од Ројтерс предвидоа нето приход од 109,7 милијарди долари за целата година.
Акциите на Арамко на саудиската берза Tadawul пораснаа за речиси 4 отсто по објавувањето на резултатите.
„Нашиот силен резултат е доказ за нашата финансиска дисциплина, флексибилност преку развојот на пазарните услови и силен фокус на нашата долгорочна стратегија за раст, која има за цел да ја зголеми вредноста за нашите акционери“, изјави извршниот директор на Aрамко, Амин Насер.











